Промовирана книгата на Нано Ружин „Балкански иконографии“ на француски јазик


 

Мишел Фуше, големиот француски геополитичар, советник на некогашниот министер за надворешни работи на Франција Ибер Ведрин,  учесник во разговорите Рамбује (1999) советник на францускиот претседател Емануел Макрон, идеен творец на  Меѓународната политичка заедница на ЕУ, ја промовираше најновата книга на Нано Ружин „Балкански иконографии“ на француски јазик. Фуше присуствуваше на научниот симпозиум „Геополитика и дигиталнизацијата на науката“, организиран поповод 20-годишнината од основањето на АУЕ-ФОН.

Фуше во исто време го претстави и своето дело „Атлас на франкофонските земји“, за која ја доби наградата на Француската академија на науките и уметностите. Промоцијата беше во Европската куќа во присуство на неколку амбасадори на ЕУ во Скопје.