Промоција на „Емотивен талог“ од Ана Јовковска во Куманово

– Ова е добра можност кумановци да се сретнат со авторката и со нејзиното ново дело, да поразговараат, да разменат искуства. Авторката е добро позната на книжевната сцена. Ги покануваме кумановци да ја проследат промоцијата, изјави Маргица Станисвљевиќ-Станислављевска, стручен соработник за литературна дејност.
Ана Јовковска е научна истражувачка, магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност, докторантка по културолошки студии и тренер по комуникациски вештини.
Со сето богато искуство, таа добро го познава современиот живот. Затоа, во својата книга успешно ја проткаја пораката за човечноста, а се чини дека луѓето тоа одлично го препознаваат. Книгата „Емотивен талог“ ги содржи приказните од женската кујна, како што се наречени во поднасловот, веќе се докажан рецепт за вкусна проза.
Уште од своето објавување во април, „Емотивен талог“ ја освои пошироката публика. Оваа збирка од есеи допрва ќе ја добива својата вредност и доказ е дека македонската женска проза заслужува да биде ценета.
Настанот е дел од годишната литературна програма за 2022 година и е поддржан од Министерството за култура.