Промоција на Avant2Go – модерен систем за целосно електрично споделено возење


Официјална промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го означат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Меџити и Божиновска ќе пристигаат пред платото на Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба.

Новиот модерен систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go Car-Sharing е достапен преку мобилна апликација – практично, еколошко и 24/7 достапно.

Настанот, според компанијата, ќе вклучува кратка презентација, демонстрација на возилата и апликацијата, како и можност за тестирање на електричните возила.