Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје претпладне облачно со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.