Професорот Калајџиев стравува од реваншизам кога ќе дојде новиот обвинител
„Како општество сме жедни за обвинител со интегритет. За жал, оваа власт отворено ги дели судиите и обвинителите на наши и нивни. Оттука не сум оптимист“, вели професорот Гордан Калајџиев за „Локално“ по заминувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
„Јас бев првиот што јавно кажа дека човекот не ветува. Објективно, како прв човек во Обвинителството е најодговорен за лошите состојби таму. Посебно грди беа судирите внатре во самата организација. А дека власта си сака свој обвинител не е тајна“, нагласува Калајџиев.
Тој вели дека односот на власта кон Јавното обвинителство е непристоен. „Тоа што си играа со државниот обвинител цела година е срамота за една држава што сака да биде правна држава“.
Според него, можен можен е „реваншизам“ со поставувањето на новиот државен обвинител.
„Како што стојат работите, тоа нѐ очекува. Далеку е од нас правната држава. Господ на помош. Не гледам кој може да не извлече од оваа кал“, вели Гордан Калајџиев.