Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор


Продолжуваат разговорите за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор и денеска, во формат на работна група, членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе се обидат да ги приближат ставовите околу постигнување евентуално решение.

Синдикатите остануваат на барањето инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и сите да добијат процентуално зголемување на платите, додека за власта е клучно да се донесе решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор.