Продолжува трендот на неносење маски, казнети 704 лица

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци на територијата на Република Северна Македонија.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.