Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло


Фото: Б. Грданоски

Продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини. Дневната температура ќе биде без значителни промени, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигнува во 26 степени.