Проблеми во чекирањето на летовите оставија илјадници патници на три лондонски аеродроми
Проблеми во проверката на летовите на „Бритиш ервејз“ се појавија денеска на три лондонски аеродроми и предизвикаа проблеми кај илјадници патници, јави ДПА.
Авиокомпанијата предупреди дека ќе откаже и одложи летови додека се работи на решавање на проблемот, што се случува во екот на летната сезона на патувања во британската престолнина.
-Суштината на проблемот сè уште не е позната, изјави за ДПА портпаролката на „Бритиш ервејз“.
Со проблемот се зафатени аеродромите Хитроу, Гетвик и Лондон Сити.
Авиокомпанијата соопшти дека работи со мануелни резервни системи за проверка и ги повика патниците порано да пристигнуваат на аеродромите за нивните летови. Оттаму нагласуваат дека техничкиот проблем не е глобален компјутерски проблем.