Пробиштипскиот Аквапарк почнува со работа, во Скопје ваквиот парк е затворен веќе втора година
Задутре својата сезона за посетителите ја отвора еден од најголемите и најпзонатите аквапаркови во земјава – Аквапаркот во Пробиштип. Скопјани и претстојнава летна сезона, најверојатно, ќе останат со затворен Аквапарк. Станува збор за Аквапаркот при Спортскиот центар Борис Трајковски, кој и минатото лето беше затворен за разладување и забава.
Иако, претходните сезони овој Аквапарк се отвараше околу 10 јуни, годинава и покрај најавите за високите температури, ова водено катче за разладување и забава останува затворено, и без најави кога би профункционирало повторно.
На веб-страницата на спортискиот центар пишува дека Аквапаркот е привремено затворен!
Сепак, скопјани имаат доволно можности за разладување, кога станува збор за базени.
Во поголемите скопски општини има базени, па така на скопјани на располагање им се Воен Базен, Базен Расадник,, Базен во Аеродром, Базенот во „Борис Трајковски“, како и низа приватни базени во околината на Скопје кои се во склоп на вили, хотели, ресторани и тоа во Орешани, Соње, Катланово, Трубарево, Кадино…