Привршува изведбата на фасадата на Турскиот театар во Скопје кој се гради од 2014


Фото: Б. Грданоски

Привршува изведбата на термофасадата и целосната стаклена фасада со нејзината конструкција и потконструкција на новиот објект на Турскиот театар во Скопје, кој почна да се гради пред осум години. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека при крај е и изведбата на покривот, а следна фаза се инсталатерските работи, објави СДК.мк.