Приведени три лица по пукање во Охрид
Полициски службеници вчера ги привеле Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид.
– Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум, соопшти МВР.
Нема повредени лица во инцидентот, а по документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.