Приведени двајца Турци со фалсификувани бугарски пасоши


Ноќеска половина час по полноќ на граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Ф.К.(30) и Б.К.(32), двајцата од Република Турција, се пријавиле со фалсификувани бугарски документи.

Тие биле приведени и предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.