Приведен сопственик на локал во Арачиново, кај него пронајден пиштол


Вчеравечер околу 20.45 часот во рамки на „Безбеден град“ полициски службеници од ОСОСК во содејство со Одделот за специјални полициски операции извршија заедничка контрола во угостителски објект во скопско Арачиново, при што е приведен сопственикот на објектот, 34-годишниот С.Џ. од Арачиново, извести МВР.

– При преглед на присутните во угостителскиот објект, кај сопственикот е пронајден пиштол со полна рамка, соопшти МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружјето.