Приведен разбојник, расчистени две разбојништва во Скопје


Денеска, во 6 часот во Сингелиќ, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.Х.(21) од Скопје, поради сомнение дека е сторител на разбојништва, од кои едното во финансиско друштво на ул.„Методиј Андонов Ченто“, сторено на 27.10.2021, а другото во обложувалница на ул.„Маџари“ на 17.09.2021.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети од кривичните дела. Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата и го појаснил начинот на нивно извршување. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.