Приведен Орце Камчев, ќе бегал


Орце Камчев од неодамна е на црната листа на САД

Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори.

Како што пишува Фокус, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство.

По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата „Плацевите на Водно“. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.

Од МВР за „Фокус“ ја потврдиле информацијата и соопштиле дека ќе биде изведен пред суд.

Бизнисменот Орце Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи.

Тој денеска ќе биде изведен пред судија, а според објавите на дел од медиумите Камчев се подготвувал за бегство.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот Империја.