Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 15 лица од Кина (видео)


Во средата,  во 22.45 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е малолетно лице.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл. 418-б ст.4, а во врска со ст.2 од КЗ, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.