Приведен албански државјанин на Табановце, сакал да изнесе 3622 археолошки монети


Вчера во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, од страна на полицијата бил уапсен 32-годишнот В.А. од Република Албанија поради обид да изнесе монети со археолошка вредност.

„При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло“, се вели во соопштението на МВР.

Албанскиот државјанин бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик додаваат од МВР.