Приведен 17-годишник кој сподели видео како предизвикува пожар на јавна површинa

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од с.Мојанци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 04.08.2020 на социјалната мрежа „Тик-Ток“ тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи, по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 05.08.2020 до СВР Скопје-Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина – планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа „Тик-Ток“, под псевдоним Д.К..

Од страна на полициските службеници од Единицата за насилен криминал беа преземени мерки и активности, при што било утврдено дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17-годишен малолетник од с.Мојанци, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над с.Мојанци. По утврдување на идентитетот, на 13.08.2020 малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над с.Мојанци.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик.