Приведен 16-годишник поради закани по живот кон професори преку социјална мрежа


Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен малолетник – ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР за МИА информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.