Притвор за дилер на хероин од Струмица


Во петокот, полициски службеници го приведоа Љ.Ѓ. (43) од Струмица, кој продавал хероин на територија на Скопје.

При преглед кај него е пронајден хероин.

Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.