Принцот Вилијам со синот Џорџ го следеше финалето Англија-Шпанија во кралската ложа


Берлин – Принцот Вилијам донесе специјален гостин на високоочекуваното финале на Европското првенство на УЕФА: неговиот син принцот Џорџ!

Синоќа, принцот од Велс (42) се појави на Олимпија стадионот во Берлин во Германија заедно со својот 10-годишен син на пфиналниот  натпревар меѓу Англија и Шпанија. Вилијам е претседател на Фудбалската асоцијација, управното тело на фудбалот во Англија и лојален следбеник на спортот.

Спортскиот излет татко-син дојде само неколку часа откако Кејт Мидлтон и ќерката принцезата Шарлот се појавија на  финалето во машка конкуренција на Вимблдон во Лондон. Додека принцезата од Велс (42) се очекуваше да присуствува на тенискиот настан, 9-годишната Шарлот беше изненадувањето.

Мајката и ќерката беа придружувани од помладата сестра на Кејт, Пипа Мидлтон (40). Присуството на Вимблдон го одбележа второто појавување на Кејт годинава, бидејќи таа продолжува да се лекува од рак и приватно се фокусира на нејзиното закрепнување.

Европското првенство на УЕФА се одржува на секои четири години. Англија никогаш не го освоила првенството, кој Шпанија го има три пати. На крајот Англија загуби со 2-1.

Ѓпанскиот крал Фелипе исто така допатува во Берлин за мечот кој заврши по четврти пат кај Шпанците

Во пресрет на натпреварот, Вилијам сподели на X: „Ние сме толку горди на сите вас @england! Одете таму и покажете му на светот од што сте создадени. Ние веруваме. W.

Вилијам сподели и видео од зад сцената од таткото и синот како влегуваат на стадионот.

Принцот Вилијам три пати патуваше во Германија за да го види тимот на Англија како игра од почетокот на Еврото  на 14 јуни. Принцот од Велс го следеше фудбалскиот натпревар од групната фаза на УЕФА ЕУРО 2024 меѓу Англија и Данска во Франкфурт Арената на 20 јуни. 

Принцот од Велс покажа поддршка за тимот Англија уште еднаш кога присуствуваше на натпреварот од четвртфиналето на УЕФА ЕУРО против Швајцарија во Дизелдорф Арената на 6 јули.