Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Северна Македонија


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево на Скопскиот аеродром го пречека принцот Едвард, грофот од Сасекс.

По тој повод, Шекеринска на Твитер напиша „уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји“.

Неговото височество принцот Едвард утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската Амбасада.