Принц Едвард во посета на Македонија


Принцот Едвард, грофот од Весекс (55) ќе ја посети Македонија, соопштија од британската амбасада во Скопје.

Високиот гостин пристигнува вечер во Скопје, а утре, во негова чест, министерот за надворешни работи Никола Димитров и британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј, организираат прием во Македонската филхармонија.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Принцот Едвард е најмалото од четирите деца на Кралицата Елизабета и на принцот Филип-Чарлс, Ендрју и Ана, десети во редот за наследство. Од 1999 година е оженет е со Софи Рajс-Џонс и имаат две деца.