Примероци на iPhone 14 ѕвонат на итна помош кога сопствениците се возат на луда железница


 

Телефонот на „Епл“ iPhone прави проблеми на своите корисници поради неговата нова функција Crash Detection затоа што повикува 911 (итна служба) додека тие се возат на луда железница.

Функцијата Crash Detection е дизајнирана да детектира евентуални сообраќајни несреќи и да повика помош автоматски, ако корисникот не го исклучи повикот во рок од 20 секунди.

Но, се појави проблем, затоа што и возењето со луда железница, телефонот го регистрира како сообраќајка.

Итните служби добивале повици за помош од iPhone 14, додека нивните сопственици биле во забавен парк, а вбо заднина се служаат врисоци, што е вообичаено кога луѓето се возат на брзите возови.

Функцијата дефинитивно има добри страни, а во прилог на тоа оди и примерот од неодамна кога телефонот јавил за фатална несреќа во Небраска,но сигурно има и маани.

Засега се препорачува, кога корисниците одат во забавен парк или се возат на ролокостерите, да го стават телефонот на авионски мод или да ја деактивираат функцијата.