Прилепското обвинителство бара притвор за осомничениот кој пукаше во Центарот за социјални работи

Прилепското Основно јавно обвинителство побара притвор до 30 дена за осомничениот кој вчера околу 14 часот вооружен влезе во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи, пукал и ранил социјална работничка.
-Пред судија пуштен е предлогот за притвор до 30 дена поради основан страв дека осомничениот ќе се даде во бегство и ќе влијае на сведоците, како и поради опасност од повторување на делото, истакна основниот јавен обвинител, Стевчо Биноски.
Денесена е и наредба за спроведување истражна постапка за две кривични дела.
Биноски нагласи дека се бара истражна постапка за кривично дело обид за убиство од член 123, став 2 во врска со член 19 од КЗ како и за кривично дело неовластено држење оружје од член 396, став 3 во врска со став 1. Во моментов се одлучува пред судија.