Прилепчани шверцувале 4.000 ампули „трамадол“

Во вторник, на патот Градско-Прилеп (превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп.
При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З.Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Трамадол е силен лек против болки од група лекови наречени опијати или наркотици. Се користи за лекување на умерена до силна болка, на пример по операција или сериозна повреда.