Прилеп ја продолжува соработката со Европската Унија за проекти за развојот на градот
Денес советниците од Советот на Општина Прилеп остварија средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во Прилеп, за одлуките кои Советот ги има донесено во изминатиот период, како и за можностите и поддршката што Европската Униија ја обезбедува преку европските фондови за реализација на проекти од значење за општината.
Посебен акцент беше ставен на проектите што придонесуваат за локален економски развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Советниците, низ отворена дискусија и конструктивен разговор со амбасадорот, отворија прашања од повеќе области, при што беа запознаени и со начинот на функционирање на Европската Унија, нејзините приоритети, како и со предизвиците со кои таа се соочува во актуелниот период.
Ваквите средби се од особено значење, бидејќи претставуваат можност за размена на информации, искуства и идеи, а често од нив произлегуваат конкретни иницијативи и проекти кои подоцна се реализираат во интерес на граѓаните и развојот на општината.