Приказна за мајката и ќерката кои изгубија нозе при нападот во Краматорск


 

Болницата во Лавов ја сподели приказната за 11-годишното девојче и нејзината мајка, за кои вели дека двете ги загубиле нозете во ракетниот напад на железничката станица во Краматорск во април.

Додека го чекаа возот, двете отишле на перонот за да земат чај, додека братот близнак на Јана, Јарослав, го гледаше нивниот багаж, според објавата на Фејсбук на Детската болница „Свети Никола“ на Првата медицинска асоцијација во Лавов.

Наталија сè уште не може да си го прости одењето за да земе чај, се вели во објавата.

Во видео-интервју за организацијата „Обединети за Украина“, Наталија вели дека не се сеќава на звукот од експлозијата, но се сеќава дека ги отворила очите за да види дека сè облеано во крв и како луѓе лежат насекаде.

Таа ѝ кажа на организацијата дека се обидела да стане, но не можела, а потоа погледнала во Јана и сфатила дека нејзините патики не се таму.

Наталија изгубила една од нејзините нозе; Јана ги изгуби и двете.

Од болницата велат дека се грижат за нив неколку недели, а тие на крајот ќе заминат во САД на понатамошно лекување.

Се вели дека Јарослав им помагал во грижата за нив, ги повикувал медицинските сестри кога им е потребно и одел во блиската продавница.

Во нападот загинаа 50 луѓе. Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за нападот. Истрагата на Би-Би- Си откри јасни докази дека била користена касетна бомба.