Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје

Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство. Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка. Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.
Скопјанка пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била следена од три врснички, и добила закани од истите.
– На 26.09.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во денешниот полициски билтен.