Пријателот на Артан Груби стана директор на ЦИА


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.
 
Новиот директор на ЦИА, Ретклиф, е близок и личен пријател на поранешниот прв вицепремиер од ДУИ, Артан Груби.За нивните средби и пријателство има голем број фотографии и соопштенија од нивни средби во главниот град на САД, Вашингтон.
 
Инаку на социјалните медиуми веќе се појавија и фотографии од Ретклиф на кој што се гледа како го прави симболот на Голема Албанија, двоглавиот орел.