Пригожин: Путин е во заблуда, нема предавање, не сакаме да живееме во земја на корупција


Шефот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин се огласи по вонредниот говор на Владимир Путин. Тој рече дека никој нема да се предаде на барање на Путин или на некој друг.

Пригожин во кратка порака објави дека не размислуваат да се предадат и да се откажат од целта.
„Претседателот беше длабоко во заблуда кога спомна предавство, ние сме патриоти на нашата земја. Се боревме и се уште се бориме. Сите борци на ПМЦ Вагнер. Никој нема да се предаде на барање на претседателот, Федералната служба за безбедност или на некој друг , затоа што не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција, пропаст и бирократија“, рече Пригожин.

Тој додаде дека тие се всушност патриоти, а сите што им се спротивставуваат се собрани околу „ѓубрињата“.

„Кога се боревме во Африка, ни рекоа дека ни треба Африка, а потоа беше напуштена бидејќи ги украдоа сите пари што требаше да бидат помош. Кога ни кажаа дека сме во војна со Украина, отидовме и се боревме. Ама покажа дека е украдена и муниција, оружје и пари наменети за таа цел.А функционерите седат и си ги чуваат за секој случај што се случи денеска кога некој ќе отиде во Москва.Сега ништо не се штеди. Пукаат во колони со авиони и хеликоптери каде се движат мирни луѓе. Пукаат, а ги промашуваат вистинските цели, удираат каде што можат. Ние сме патриоти. А тие што ни се спротивставуваат денес се тие што се собраа околу ѓубриња“, заклучи Пригожин.

Потсетуваме, рускиот претседател Владимир Путин имаше вонредно обраќање во кое акциите на Вагнер во Ростов ги окарактеризира како „вооружен бунт“ и најави строга казна за сите кои учествуваа во него.