При пожар во египетска ковид болница загинаа седум пациенти
На одделението за интензивна нега во приватната болница во Каиро изби пожар при што загинаа седум пациенти заболени од новиот корона вирус.
Локалната полиција соопшти дека повредени се уште пет луѓе.
Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од неисправна електрична инсталација.
Во Египет досега со Ковид-19 се инфицирани 139.126 луѓе, а бројот на смртни случаи изнесеува 7.309 лица.