Презентација на МКарта – проект на МНР од областа на дијаспората


Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе го претстави проектот МКарта.

-Проектот е реализиран во рамките на надлежностите на Министерството за надворешни работи кои се однесуваат на дијаспората и е наменет за истакнати наши граѓани кои живеат во странство и кои со својата работа и посебни достигнувања во својата професија, значително придонеле за промоција на Република Северна Македонија во светот, наведуваат од МНР.