Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ


Креативна Европа – Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ на 8 ноември напладне во Младинскиот културен центар ќе организира отворени презентации. Македонскиот деск на оваа програма на ЕУ  потсетува и на тековните отворени повици за апликации.

Темите на презентациите во склоп на „Синедејс“ ќе бидат: „10 најчести прашања и одговори“ –  поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање и можностите за учество на тренинг-програми; „European Film Challenge 2020“ – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонската партнерска организација „Блинк 42/21“; „Проекти за соработка – Креативна Европа Култура“ – и „Примери на добра пракса“ – потпрограма Култура.

Настанот е отворен за јавност, а покрај претставници на аудиовизуелниот сектор и културата, организаторот ги поканува и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите можности што ги нуди „Креативна Европа“.