Превземањата и спојувањата на компании годинава може да ги собори сите рекорди


Според КПМГ, обемот на преземања и спојувања на компании до крајот на оваа година би можел да ги собори сите рекорди и да достигне вредност од 6 билиони долари

 

Се чини дека за краток временски период никогаш немало повеќе аквизиции во милијарди долари. Последна е експанзијата на Coca-Cola која купи конкурент за фантастични 5,6 милијарди долари. Претходно, инвестициската банка JPMorgan објави дека планира да купи 75 проценти од платежната единица на Volkswagen… Се шпекулираше дека PayPal сака да го купи Pinterest…

Според КПМГ, обемот на преземања и спојувања на компании до крајот на оваа година би можел да ги собори сите рекорди и да достигне вредност од 6 билиони долари. Веќе овие трансакции ширум светот вредат околу 4,3 билиони долари. За споредба, претходниот рекорд беше поставен во 2015 година на 4,8 билиони долари.

Зошто бизнисите одлучуваат за овие потези?

Според експертите, активното купување и спојување со други компании експлодираше оваа година поради комбинација од 3 фактори, од кои некои постоеја и пред пандемијата: вишок инвестициски капитал; динамика на опортунистички купувачи и нетрпеливи продавачи, еволуција на трансакциските процеси…

Исто така, треба да се има на ум дека како што кризата напредува и каматните стапки не се менуваат, многумина во финансискиот свет ја користат можноста да го инвестираат вишокот капитал – било за да обезбедат подобар бизнис во неизвесен контекст или за да ги развијат бизнисите на бранот на оптимизам.

Најголемата аквизиција на Кока-Кола досега

На 2 ноември, Coca-Cola објави дека стекнала целосна контрола над производителот на спортски пијалоци, Bodyarmor, за 5,6 милијарди долари, што го прави ова најголемото купување на CoCa-Cola на еден бренд досега.
Гигантот купи 15 отсто од акциите во Бодиармор во 2018 година и со тоа стана негов втор најголем акционер, а сега објави дека го презема остатокот од акциите. Во тоа време, кошаркарската легенда Коби Брајант беше третиот најголем акционер во Бодиармор по инвестицијата во 2013 година, само две години по нејзиното основање.

ЏП Морган и Фолксваген

Инвестициската банка JP Morgan ги објави плановите да купи мнозински удел од близу 75 отсто во одделот на Volkswagen за платен промет. Американскиот банкарски гигант изјави дека со овој договор ќе ги прошири своите капацитети за дигитални плаќања и за прв пат ќе влезе во автомобилската индустрија.

Ова е само едно во низата аквизиции и инвестиции на JP Morgan оваа година. Компанијата постигна договор во јуни да ја преземе британската компанија за онлајн управување со богатство Nutmeg, како и да ја купи платформата OpenInvest со седиште во Сан Франциско, која е фокусирана на етички инвестиции.

Амазон го купи МГМ

Американската компанија за е-трговија Амазон објави дека го купила филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, што е најамбициозниот потег во филмската индустрија, пренесува CNBC.

Ова е втора најголема аквизиција на Амазон откако го купи синџирот продавници Whole Foods во 2017 година. Амазон вели дека сака да ја искористи богатата историја на студиото, како и неговиот огромен каталог од 4.000 филмови и 17.000 ТВ серии за да го зајакне бизнисот на својата филијала Амазон Студио.

Така, на колекцијата филмови на Амазон ќе и се придружат серијата „Џејмс Бонд“, серијата и филмот „Фарго“, „Приказната на слугинката“ и многу други наслови.

Се шпекулираше дека Пејпал сака да го купи Пинтерест

Медиумите објавија дека PayPal, услуга за онлајн плаќање, е во преговори за купување на страницата за дигитални пинборд страници Pinterest за дури 45 милијарди долари.

Блумберг њуз прв ја објави веста за разговорите меѓу двете компании минатата година, што подоцна беше потврдено од Ројтерс. Извор од агенцијата рече дека PayPal понудил 70 долари по акција, за Pinterest.

Зделката, по таа цена, би била најголемата аквизиција на компанијата, надминувајќи го Мајкрософт, кој ја купи деловната мрежа на LinkedIn во 2016 година за 26,2 милијарди долари.

Инфобип купен од Пиерлес нетворк

Водњански Инфобип, глобална клауд комуникациска платформа и водечка ИТ компанија во регионот, потпишаа купопродажен договор за преземање на американската компанија Peerless Network, глобален давател на услуги VoIP (Глас преку IP) со седиште во Чикаго.
Вредноста на аквизицијата е доверлива информација, а плаќањето е извршено со комбинација на пари и акции на Инфобип. Раководството на Peerless Network, исто така, инвестираше делови од сопствените акции во Peerless Network во Infobip.
Основана во 2008 година, Peerless Network со сопствена национална гласовна мрежа е сигурен избор за голем број Fortune 500 компании. Повеќе од десет години, компанијата ги обезбедува најагилните, најекономичните и наједноставните гласовни решенија за имплементација и врвната услуга за клиентите за да ги задоволи потребите на бизнисите од секаде.

Римац Бугати

Летово одекна информацијата дека младиот хрватски претприемач, Мате Римац со босанско потекло, ја презел култната марка на автомобили Бугати.
Со спојувањето на Rimac Automobil и Bugati Automobilа се создаде Bugatti Rimac (во кој мнозински удел ќе има новоформираната Rimac Group), која е директно контролирана од германското Porsche (членка на Volkswagen Group) со 58,2 отсто сопственост, додека Mate Rimac остана на чело, но со малцински удел од 20,4 отсто. Не стануваше збор за готовинска трансакција, туку за размена на акции, што го одразува последователното преуредување на структурата на хрватската компанија. Со него стартапот на Римац де факто престана да биде стартап и дополнително се интегрираше во чадорот на групацијата Фолксваген, чиј дел е и Порше, пишува Блиц.рс.
Rimac Automobili станува групацијата Rimac (поделена на Bugatti Rimac и Rimac Technology) во која Мате Римац формално има најголем поединечен удел од 37 проценти, германски Porsche 24 проценти, Hyundai 12 проценти, а другите акционери 27 проценти.

Донеси сега е Глово

Оваа година, шпанската компанија за достава од повеќе категории, Глово, го презеде брендот „Донеси“ во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина како дел од серијата индивидуални аквизиции од групата „Диливери Херо“ во регионот на Централна и Источна Европа.
Глово го презеде и брендот Foodpanda во Романија и Бугарија, како и брендот Pause во Хрватска, од Диливери, една од водечките платформи за испорака во светот.
Вкупната вредност на овие аквизиции е 170 милиони евра.