Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје


Манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи во сабота во Скопје. Културните институции ќе организираат претстави, изложби и промоции, кои ќе бидат отворени и достапни за сите посетители, а организатори се Универзална сала и Град Скопје.

Како што информираат од Универзалната сала, програмата предвидува настан во
Сули Ан  од 20 часот „Стара скопска чаршија: визии за иднината“ со мултимедијални презентации и изложби по што следуваат DJ сетови на диџеј Дарко Јорданов (Скопје),диџеј Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и диџеј Женева (Париз), потоа изложба „Од чета до армија“ во Музеј на македонската борба, изложба  „Преспанско езеро – бисер на природата“ во Природонаучен музеј, изложба во Детски културен центар, промоција на книга „Работилница за поправка на чувства – втораантологија на иднината“ во Библиотека „Браќа Миладиновци“, како и настани во Културен дом „Кочо Рацин“, Културно информативен центар, Музеј на Град Скопје и Младински културен центар.