Претседателот на МАНУ побара на МОН да му се забрани да прави реформи во образованието


Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев

Првиот човек на Ману, Љупчо Коцарев, денеска го засили нападот врз Министерството за образование и наука и побара да му се одземат ингеренциите да подготвува образовни реформи.

„Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите и реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Љупчо Коцарев на денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција.

Коцарев повторно зборуваше за кастрафични сценарија велејќи „ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. Според него, во изминатите 30 години сме биле сведоци на уништување на македонската држава. 

Академик Катица Ќулавкова, пак, побара да се прекинат преговорите со Бугарија, по остарата исваја и нелогичните барања на претседателот Румен радев во Брдо. Ќулавкова смета дека однесувањето на бугарските политчари е недозволиво, надвор од европските вредности, бара да се прекинат натамошните разговори затоа што немаме добиено никаква гаранција за влез во унијата, а дури и да ја добиеме, не смееме да бидеме преседан во Европа.

Љупчо Коцарев бара широк политички консензус и изготвување на нов документ во кој со консензус ќе бидат прецизирани црвените линии од кои нема да има отстапки.