Претседателот на Латвија е позитивен на Ковид-19


Латвискиотт претседател Егилс Левитс е позитивен на тестирање на корона вирус, соопшти денеска неговиот кабинет.

Позитивниот резултат е добиен откако вчера Левитс направил брз тест по враќањето од работна посета на Шведска. Сега ќе му биде направен и ПЦР тест, потврди портпарол од претседателскиот кабинет.

Левитс ја одложи денеска закажаната средба со новиот претседател на Естонија, Алар Карис, кој престојува во Рига. Наместо тоа, Карис се очекува да се сретне со претседателката на летонскиот парламент Инара Мурниче.

Во февруари, 66-годишниот Левитс беше еден од првите луѓе во Латвија кои се вакцинираа против корона вирусот, имунизирајќи се пред камерите за да ги охрабри неговите 1,9 милиони сонародници да го направат истото.

И покрај неговите напори, кампањата за вакцинација во Латвија се одвива многу бавно, а стапката на инфекција значително се зголеми во последните недели, принудувајќи ја Владата да прогласи вонредна состојба, која ќе остане во сила до 11 јануари 2022 година.