Претседателот на Ерменија хоспитализиран во Лондон поради Ковид-19


 Претседателот на Ерменија Армен Саркисjан, на кого минатата недела му беше потврдена инфекција со Ковид-19, хоспитализиран е во Лондон.

– Здравствената состојба на шефот на државата е сериозна, има висока температура, соопшти Канцеларијата на  Саркисјан.

Тој во Лондон ја прослави Новата година заедно со неговото семејство, а потоа му беше оперирана ногата.

Во Ерменија од почетокот на пандемијата регистрирани се над 163.100 луѓе заразени со Ковид-19 и повеќе од 2.900 смртни случаи.