Претпладне променливо облачно, попладне дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо. Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени.