Престрелка во Арачиново: Рането е 24-годишно момче


Фото: Б. Грданоски

А.И. (24) е ранет по синоќешната престрелка во Арачиново, информираат од МВР.

Ранетиот со брза помош веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Нема повеќе информации за неговата состојба.

Од МВР велат дека се води истрага за утврдување на точните околности на престрелката во Арачиново.