Премиерот Заев во посета на компанијата „ТАБМАК“ во Пробиштип 


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе ја посетат компанија „ТАБМАК“ во Пробиштип, која редовно инвестира во развој и унапредување на технологиите на годишно ниво.

– Последната инвестиција на извозно ориентираната компанија, која е во тек, се реализира со поддршка на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, произлезен од Планот за економски раст на Владата, се додава во соопштението на владината Прес-служба.