Премиерот Заев: Растот на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто, е потврда дека економијата е стабилна

Премиерот Зоран Заев истакна денеска дека по една година, според денешните официјални статистички податоци можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува.
„Тоа е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe“, рече на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД-19“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.
„Официјално пред неколку минути е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава согласно статистика регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на бруто домашниот продукт од 5,6 проценти“, рече премиерот Заев.
На Конференцијата премиерот Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, го најавија и Планот за здравување и финансирање на забрзан раст кој е веќе подготвен. Целта е да се обезбеди финансирање на закрепнувањето на економија од КОВИД и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата.