Премиера на „Слепци“ на 13 декември во Турски театар
НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ СЛЕПЦИ“ според ,,Слепци” од Морис Метерлинг и книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф на 13.12.2024 г. во 20 часот.
Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија. Претставата се изведува со титл на македонски јазик.
Режија: Ќендрим Ријани
Музика: Емрах Џемаили
Костими: Медина Хоџа и Маја Ѓуреска
Играат:
Џенап Самет
Хакан Даци
Јеткин Сезаир
Сузан Акбелге
Фунда Ибрахим
Несрин Таир
Слаѓана Вујошевиќ
Емине Халил
Зубејде Али
Инес Радинчиќ
Един Јакуповиќ
Директор: Осман Али
-Ова е спој на две литературни идеи, како што се делата Слепци од М. Метерлинк и Погубни идентитети од А. Малуф. Единаесет слепи ликови, фрлени во просторот, се трудат да го најдат патот, да се вратат назад. Но, одвреме-навреме тие се оттргнуваат од физичката слепост и влегуваат во лавиринтите на потрагата по самите себеси. Притоа, одново доживуваат моменти од нивниот живот. Овие ликови ќе ве натераат да живеете заедно со нив, да си поставите прашања, но и да најдете одговори за убавината на физичките и идентитетските различности на сите живи суштества кои живеат во овој заеднички свет. Свет, каде различноста е токму најубавата страна на привремениот живот што го живее и секој човек, вели режисерот Ријани.