Прегазен пешак на „Народен фронт“, возачот избегал (фото)


Човек е прегазен денеска околу пладне на скопската улица „Народен фронт“, во близина на трговскиот „Зебра“, а возачот избегал.

Во моментот полиција го обезбедува местото, а повредениот е пренесен во болница. На асфалтот има скршен ретровизор и помали пластични делови од автомобил, а се гледа и крв.

Од МВР велат дека сообраќајката се случила околу 11.30 часот, денеска, кога со возило била удрена Љ.Ј., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување лекарска помош. 

Возачот го напуштил местото на настанот.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а со оглед на тоа што од едната страна има паркирани автомобили, движењето е отежнато. 

Сообраќајката се случила на место каде нема пешачки премин, но пешаците често ја поминуваат оваа улица токму на тоа место, затоа што на крајот на патеката има детско игралиште и клупи за седење, па фреквенцијата на луѓе е голема. 

Се очекуваат детали од полиција.