Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе се одржат на 18 октомври
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Гаши соопшти дека одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и од сите надлежни институции побара изборниот процес да биде спроведен професионално, непристрасно и во согласност со законските процедури.
Тој ги повика кандидатите и политичките субјекти кампањата да ја водат достоинствено, со програми, идеи и визија за развојот на општината, наместо со пораки што поттикнуваат поделби или ја нарушуваат довербата во демократскиот процес.
Воедно, Гаши ги повика граѓаните на Брвеница да излезат на гласање и одговорно да го искористат своето демократско право, со цел да придонесат за мирен, уреден и кредибилен изборен процес.
„Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани“, порача претседателот на Собранието. објави Скопје1.мк