Пред полноќ, загина 22-годишна девојка на „Партизанска“ – возачот во притвор


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Почина млада девојка од Скопје, откако ноќеска, 15 минути пред полноќ, била прегазена на „Партизанска“ во близина на пекарницата „Силбо“.

– На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР за „Независен“.