Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за Кочани


 

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица. Оваа Анкетна комисија е дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените.

Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност. 

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа.

СДСМ ги повикува пратениците од сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива, активно да учествуваат во процесот.