Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор


Пратениците на Левица,  Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан во Собранието остварија средба со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин. Тие разговарале за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. 

-Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија е од круцијално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена.

Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји. 
Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа, стои во соопштението на Левица која отворено се преставува како анти НАТО и проруска партија, па и оствари посета на гробот на Енвер Хоџа.